Контактирајте Не

Ние сме подготвени да ви помогнеме за различните прашања што можеби ги имате со платформата. Ве молиме слободно контактирајте со нас. Ние би го цениле ако можете да ни дадете повратни информации за платформата.

Пратете ни порака

Инфо

Борче Јованоски
61, Гостивар 1230

Контакт: 00389 70 692 549

[email protected]

Најчести Прашања

Некои од најчесто поставуваните прашања. Доколку одговорите подолу не ја задоволат вашата љубопитност, ве молиме слободно контактирајте со нас преку форма.

Дали курсевите се навистина бесплатни?

Да курсевите се целосно бесплатни. Се што треба да направите е да учите!

Дали има некои претходни барања за знаење?

Не постојат никакви претходни барања за знаење. Постојат повеќе курсеви на високо ниво, но повеќето од нив се дизајнирани да ве научат што треба да знаете од нула.

Дали овие курсеви може да се сметаат како замена за училиштето?

До одреден степен, да, но не целосно. Ако сте средношколци, овие курсеви може да ви помогнат да започнете и ве охрабруваме да го продолжите студирањето на универзитет. Што се однесува до луѓето кои имаат кариера на друг пат, но сакаат да започнат кариера во програмирањето, ќе има специјални курсеви во кои тие луѓе ќе бидат научени се што треба да знаат.

Дали има ограничување за возраста?

Курсевите најчесто ќе бидат насочени кон средношколци, но тие не се ограничени само за нив. Секој кој е заинтересиран за програмирање е слободен да ги провери.

Дали има вистински проекти?

Да, TechUP започна како едноставен курс за веб дизајн и со текот на времето полека се зголеми да биде она што е денес. Значи освен онлајн курсеви, TechUP ќе продолжи да функционира онака како што има функционирано. Пред почетокот на курсот има апликации достапни на оваа страница.

Од каде доаѓаат материјалите?

Материјалите не доаѓаат од еден извор, туку од искуството на многу различни експерти.